Школување во странство

U S A Academic Year Program
(Учебна година во американско средно училиште) 2010 / 2011
* Дали сте на возраст помеѓу 15-18 години?
* Дали сакате авантура?
* Дали сакате да патувате и истражувате нови места и култури?
* Дали сакате да го почувствувате ученичкиот живот во САД живеејќи кај американско семејство?
* Дали сакате да ги подобрите познавањата од Англискиот јазик?
* Дали сакате да стекнете нови пријатели од целиот свет?
* Дали сте подготвени за нов начин на живот, нови луѓе, нова околина?
* Дали сакате предизвици?
АКО одговорот на горепоставените прашања е ДА и познавањата од Англискиот јазик ви се на најмалку средно ниво, Вие сте добар кандидат за академската програма. Доколку се одлучите на овој чекор, наскоро можете да бидете на пат ко една фантастична авантура во САД!
ЗОШТО БАШ НИЕ ?
* Работиме само со најдобрите компании кои организираат размена на ученици 
* Постои можност за загарантиран регионален пласман
* Имаме најдобри локални координатори кои со задоволство работат со млади луѓе
* Внимателно се одбираат семејствата
* Детална подготовка на учениците пред поаѓање
* организирана ориентација по пристигнувањето во САД
* Ваша 24-часовна сигурност и контакт
* Сертификат
 
Престојот како средношколец во САД може во целост да го измени вашиот живот. Тоа не е продолжен одмор, тоа е реален живот во некоја друга држава. Не само што че научите за другите и нивниот начин на живот, туку ќе се запознаете самите себеси во друго светло.



КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ?
Многу едноставно, јавете се на нашиот број 02 /3 223 579 и закажете разговор. Останатото се реализира многу брзо и едноставно. 



 
ПОЗНАВАЊА ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК!
Замислете си една година да зборувате, учите, размислувате и сонувате на странски јазик. Ќе бидете многу изненадени колку брзо се учи еден јазик кога го слушате од утро до мрак. Стекнување нови пријателства и запознавање на земјата ќе биде многу едноставно. И по вашето враќање дома ќе ги користите стекнатите знаења и нивните предности.



ПОЗНАТИ УЧИЛИШНИ ПРЕДМЕТИ ВО НОВО СВЕТЛО
Распоредот на часови ќе ви го окупира вниманието и ќе ве стимулира, без разлика дали се работи за математика, физика, хемија, историја или географија. Во исто време ќе имате можност да учите некои нови предмети кои самите ќе ги одберете како што е на пример шпанскиот јазик или програмирање. 



НОВО ИСКУСТВО, НОВА ЛИЧНОСТ !
За повеќето ученици ова ќе биде прв пат да бидат далеку од дома. Искуството ќе ве измени многу, ќе стекнете самодоверба, ќе бидете посамостални, ќе развиете нови интереси, ќе откриете нови дисциплини, па можеби и некои скриени таленти кои ги носите скриени длабоко во себе. Ќе ги проширите своите погледи на светот, ќе станете толерантни кон оние кои се поразлични од вас и ќе почнете да гледате кон својата држава од нова перспектива. Она што е најважно, ќе бидете амбасадори на својата држава. Ќе бидете можеби единствената личност од својата држава со која професорите или американското семејство се сретнале и кои ќе ги запознаете со својата култура, обичаи и навики. Вашето однесување и вашите навики би требало да предизвикаат позитивна реакција од околината. За возврат ќе стекнете незаборавни спомени, пријателства и одблиску ќе ја запознаете американската култура и јазик. 

 

АМЕРИКАНСКОТО СЕМЕЈСТВО
Семејствата кои учествуваат во програмата го прават тоа волонтерски и не добиваат никаква парична надомест. Фондацијата многу внимателно ги одбира, а клучен фактор е нивната желба за нови искуства, можност да понудат топол дом  и здрава средина. Како што вие внимателно ја пополнувате апликацијата, тоа го прави и американското семејство.Вашето ново семејство ќе ви понуди целосна поддршка при вашето навикнување и за време на прилагодувањето. Од вас ќе се очекува по завршувањето на училишните обврски да поминете дел од вашето време со нив. Секако и да ги поделите привилегиите и одговорностите како рамноправен член на семејството и да учествувате во извршувањето на лесните домашни обврски. Ќе имате можност на вашето ново семејство да му приготвите едно од вашите омилени национални јадења. Семејството ќе сака да научи многу работи за Македонија и ќе ви помогне да ја запознаете Америка. Ќе ви даваат одговори на сите ваши прашања и ќе ви појаснат за се што ве интересира. Сепак, тие ќе ве земат во својот дом и ќе имате шанса да живеете со нив, нивните деца...
АМЕРИКАНСКОТО УЧИЛИШТЕ
Училиштата предвидени со оваа програма се државни училишта со одличен наставен план и програма кои ќе ви понудат вредно образовно искуство.  За разлика од нашиот училишен систем, американскиот систем предвидува посетување на 6-8 наставни предмети. Од нив два се обврзувачки (Американски устав и Англиски јазик), а останатите се изборни. Многу е важно да се одберат слични предмети со оние кои се учат во нашата земја. Во  тоа ќе ви помогне училишниот советник. Изборот на предмети зависи од два фактори: политиката на училиштето и вашиот интерес. Поголемиот број на американски училишта дава можност за учество во разни дополнителни активности  и на учениците им се сугерира да земат учество во истите. Изборот се движи од спортски тимови, хорови, музички групи, училишни весници, други сервисни организации, секции, странски јазици, компјутери.  Важно е да се истакне дека секое училиште има своја индивидуална политика која се однесува на учениците кои се дојдени на размена.  Учениците на крајот на престојот добиваат сертификат за посетување на наставата и дополнителни активности. Неопходно е секој ученик да почека да му биде издаден бараниот документ. Исто така е важно да се напомене дека во училиштето може да се појават некои мали дополнителни трошоци кои не сме ги предвиделе, како што се некои дополнителни книги, екскурзии итн.  Уште еднаш сакаме да напоменеме дека е многу важно да се одржи успехот во училиште кој треба да е над "C" (добар).
ЛОКАЛЕН КООРДИНАТОР
За време на вашиот престој во САД ќе ви биде доделен локален координатор. Ова е личноста која ви го нашла американското семејство и која ќе биде ваш советник за време на програмата. Координаторот е секогаш тука кога ви треба совет и кога не знаете како да разрешите некоја ситуација. Тие се врска помеѓу вас и вашето американско семејство, фондацијата и преку нашата агенција со вашите родители во Македонија. Секој координатор е обучен да ви помогне во одредени ситуации кои се типични и до кои може да се дојде за време на вашиот престој. Најважо е вашиот однос да биде искрен за да го надминете проблемот. Вашиот координатор ќе ви се јавува вам и на вашето семејство еднаш во месецот , а редовно ќе го проверува вашиот успех во училиште. Од голема помош е разговорот да биде искрен и отворен. Тој/Таа може најмногу да ви помогне, разговорот со роднините и пријателите не може да ги реши проблемите. Најмногу проблеми се јавуваат кога студентите дискутираат за проблемите со лица кои не се вклучени во програмата и тогаш настануваат комликации. Најважно е за секој проблем прво да се разговара со американското семејство. Тие се тука да ви најдат решение. Координаторот е тука да ви помогне околу потенцијалните проблеми, но и вие исто така треба да превземете одговорност.
ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ
Во цената на програмата е вклучено и здравствено осигурување. Тоа покрива трошоци во случај на болест и несреќа. Осигурувањето не важи само ви три случаеви: наследни болести, болест на заби и контрола на здравјето на лично барање.
МЕНУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВО
Ако ученикот за време на престојот сака да го смени семејството, а со таа одлука се сложува и природниот родител, тогаш за таа цел се доплатува уште * 500 USD, плус дополнителни тошоци за селење  (превоз и сл.)
ОТКАЗНИ РОКОВИ
Ако студентот се откаже после поддавање на документите и формуларите се наплатуваат 3000 денари апликативни трошоци. Доколку ученикот се отќаже после добивање комјутерски код се наплатува 300 USD. Откажувањето од учеството на програмата по добивање на семејство се наплатува 700 USD. Доколку ученикот ја напушти програмата по своја желба или поради прекршување на правилата на програмата за време на престојот во САД  пред завршувањето на училишната година  и програмата, ученикот нема право на рефундирање на уплатениот износ. Доколку студентот се врати поради болест или смрт во семејството, рефундирањето изнесува 50 USD по неискористен месец. Ако студентот не успее или не ги прифаќа сите услови и правила на програмата, може да дојде до поништување на учеството и програмата и ученикот ќе биде вратен дома според правилата на програмата  и процедурата на спонзор организацијата во САД , без парична надокнада. КОНТЕКСТ ДОО не може да биде одговорна за враќање и рефундирање на средствата доколку дојде прекин на учеството во програмата од било која причина.  Тоа прапање секогаш се решава помеѓу Фондацијата и странката директно.
ЏЕПАРЛАК
Како што напоменавме, семејствата доброволно се пријавуваат за учество во програмата. Тие не добиваат парична надомест кога ќе одлучат да ве примат во нивното семејство. Тие ви обезбедуваат сместување, а ваши трошоци се следните: ужина во училиште, трошоци за излегување, кино, натпревари, оброци во ресторан (дури и кога излегувате со семејството), училишни настани, екскурзии, патувања, лични работи, облека, училишен прибор, трошоци за телефонски разговори. Износот на џепарлак кој го препорачува фондацијата е околу 150 USD месечно. Вашиот координатор и семејството ќе ви помогнат да отворите сметка во банка на која родителите ќе ви уплаќаат пари. Морате внимателно да ракувате со своите пари и исклучиво сами да ги сносите своите лични трошоци.
ЦЕНА И РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Цената зависи од датата на пријавување, ве молиме да се распрашате во агенција:
ATP-10 месеци, - 5900 USD
AYP- 5(1), 5(2),  5530 USD
За време на пријавувањето се уплаќаат неповратни апликативни трошоци од 3000 денари.  При поднесување на документите се плаќа аконтација од 300 USD, а остатокот на две рати.
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА:
1.        Виза и пин  –  131 USD + 12 USD
2.        Ученичка такса  SEVIS –  180 USD
3.        Авиобилет
4.        Месечен џепарлак од најмалку 150 USD
* Трошоците за виза и SEVIS се НЕПОВРАТНИ во случај вашето барање за виза да биде одбиено.
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР 

1. АПЛИЦИРАЊЕ
Многу е важно внимателно да ги проучите и пополните својата апликација. Врз основа на апликацијата ќе го добиете своето идно семејство. Одберете внимателно интересни слики од Вашиот живот, направете фото албум од најмалку 12 фотографии и БИДЕТЕ НАСМЕАНИ. На прашањата одговарајте со повеќе детали и употребете ја вашата фантазија.
 

6. ДОБРЕДОЈДЕ
По доаѓањето во нова средина ќе бидете срдечно пречекани. Вашиот координатор ќе ви закаже состанок за да се запознаете.

2. ПРИЕМ НА ПРОГРАМА
Кога апликацијата ќе биде разгледана од страна нафондацијата и кога ќе заклучат дека ги исполнувате условите за учество во програмата, добивате студентски број под кој ќе се водите на академската програма.  Од тој момент почнувате со подготовките за одење, а кои подразбираат сериозно учење и работа  на познавањата од Англискиот јазик.
 
 

7. ПОДДРШКА
Заедно со координаторот кој секогаш ќе биде тука за вас и ќе одговара на сите ваши прашања и ќе ви помогне да се прилагодите, тука е и новото семејство.

3. ПОДГОТОВКА
Вредно учете и повремено ќе се слушаме да провериме до каде сме стигнати по прашање на  вашиот пласман.
 

8. ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ
Бидејќи вашето дете е сега далеку од вас, ние секојдневно ќе ви бидемке на располагање. Многу е важно да разберете дека вашиот контакт со децата ќе биде ограничен, бидејќи е неминовно да му дадете простор на детето да се навикне, а со редовни телефонски контакти  ќе ја поттикнете носталгијата и ќе му го отежнете престојот на вашето дете.

4. ПЛАСМАН
Прво добивате соодветно училиште, а потоа семејство кај кое ќе престојувате наредните 10 месеци. Фондацијата преку нас ви доставува основни податоци за семејството и училиштето, краток опис за семејството и средината во која ќе живеете и точна дата на пристигнување во САД. Доколку се пријавите на програмата до 30.Декември можете да одберете регион во кој би сакале да престојувате.
 

9. СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА
Американското семејство и координаторот ќе ви помогне да се навикнете на новата средина, да стекнете нови пријателства  и да се придружите кон  сите ученички групи, школски активности. Ќе имате прилика да учествувате во организирани патувања.

5. ПОДГОТОВКА ЗА НА ПАТ
Пред да започне вашиот престој во САД, поминувате низ процедура за добивање виза, подготовка на документи и период на ориентација.
 

10. ВРАЌАЊЕ ДОМА
Успеавте, ја завршите успешно вашата училишна година во САД, сте стекнале нови знаења, сте станале дел од едно американско семејство и сте стекнале пријатели за цел живот. Однапред се радуваме што ќе имаме шанса да ве видиме и во ново светло и да слушнеме се за вашите новостекнати искуства.


 


copyright Kontext 2008 © || design & development WebGenerator 2008