УСЛУГИ СО СУДСКА ЗАВЕРКА

ПРЕВОДИ СО ЗАВЕРКА:

Преводите со заверка од страна на судски преведувач се преводи кои се правни документи. Тука спаѓаат:

     •   Превод на лични документи: изводи на родени, венчаница,
          потврди и уверенија, свидетелства и дипломи итн.
     •   Превод на судски и други правни документи како што се:
          решенија, уверенија, потврди, одлуки, записници итн.
     •   Превод на документацијата на физички лица, како што се:
          сметки, финансиски извештаи, изводи од судски регистар,
          референтни листи итн...
     •   Преводи на медицинска документација, како што се: дијагнози,
          историја на болест, рецепти итн...
     •   Преводи на техничка документација како што се технички
          карактеристики итн...

ПРЕВОДИ БЕЗ ЗАВЕРКА


Преводи без заверка од страна на судски преведувач се оние преводи кои ги изготвува самиот преведувач, но не ги заверува со својот печат и потпис бидејќи за нив не е потребна гаранција.

Тоа се најчесто неформални преводи како што се:

     •     web страни
     •     упатства за употреба на разни технички апарати,
     •     каталози,
     •    проспекти и итн...

Овие преводи можат да се испорачаат покрај "hard верзија“  т.е во оригинал на хартија и во електронски формат во .pdf .doc .html или било кој друг формат по Ваша желба.

УСМЕНИ ПРЕВОДИ:

Усменото преведување подразбира присуство на постојан судски преведувач на местото на настанот: венчавка, бракоразводна парница итн...

ЦЕНОВНИК

Од Македонски јазик на Германски:

      •    За текст со 1800 карактери 400 денари од страна .
      •    За текст до 15 реда 300 денари од страна .

Од Германски на Македонски јазик:

      •    За текст со 1800 карактери 300 денари од страна.
      •    За текст до 15 реда 200 денари од страна .

За превод од Англиски на Германски јазик и обратно:

      •    За текст со 1800 карактери 600 денари од страна .
      •    За текст до 15 реда 450 денари од страна .

Горенаведените цени се однесуваат на отчукан текст на комјутер со тоа што секој започнат ред се смета како цел ред. Една страна содржи 1800 карактери со празни места. За преводи од 1-50 страни истите се изготвуваат за 1- 5 дена. За преводи над 50 страни потребни се 5-10 дена.

За сложени научни и стручни текстови и текстови со посебно писмо (Excel, Power point) надокнадата може да се зголеми и за 50%.

За преводи од поголем обем над 100 страни, цената и рокот за преведување усмено се договараат.
За усмено преведување надокнадата е 1500 денари по саат, а 1000 денари за започнат саат преведување. Во време потрошено за преведување се пресметува времето од доаѓањето на судскиот преведувач на местото каде се одвива преводот, па се додека не престане потребата за преведување.

За преглед и заверка на превод кој го има направено друго лице, на судскиот преведувач му припаѓа половина од надокнадата наведена во ценовникот.

ЦЕНА НА ОДРЕДЕНИ ПРЕВОДИ


 

Вид на документ Обична услуга Брза услуга
  Цена Рок Цена Рок
  Г / М М / Г   Г / М М / Г  
Извод од матична книга на
родени
300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Венчаница 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Уверение за брачна состојба 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Уверение за идентитет 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Лекарско уверение 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Извод за крштевање 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Диплома за средно образование 600 400 1 - 5 дена 900 600 1 ден
Диплома за високо образовани 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Уверение за положени испити 600 400 1 - 5 дена 950 600 1 ден
Потврда за неосудуваност 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Потврда за отлужен воен рок 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден

Сообраќајна дозвола

750 400 1 - 5 дена 1100 600 1 ден
Уверение / Решение за развод 500 400 1 - 5 дена 750 600 1 ден
Полномошно 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден
Изјави 300 400 1 - 5 дена 450 600 1 ден

 



copyright Kontext 2008 © || design & development WebGenerator 2008